Ненад Алајбеговиќ / Фото: Приватна архива

Продолжи судењето на српските мафијаши што планирале убиство на поранешниот водач на навивачите на Партизан – откриени нови детали

Продолжи судењето во Србија на припадниците на врачарскиот клан, а сопругата на обвинетиот Никола Качаревиќ, Тамара Ѓуриќ, продолжи со изведување на пораките од апликацијата „Скај“, кои обвинетите си ги разменувале при подготовките за убиството на Ненад Алајбеговиќ, познат како Алибег, во март 2020 година, според обвинението, објави Мондо.

Алајбегович беше познат водач на навивачите на клубот Партизан, кој се стана познат откако преживеа десет атентати, а беше ранет на 25 јануари 2020 година, кога непознат напаѓач пукаше во него и го рани во стомакот и во ногата. Неговиот пријател Александар Халбрин го оденел тешко повредениот Алајбеговиќ во болница, а според обвинението, „врачарците“ го намамиле Халбрин, па го убиле во стан на 20 март 2020 година, а неговото тело го закопале кај Сопот, во време кога Алајбеговиќ сè уште бил во болница.

Во исто време, според обвинението, врачарскиот клан го планирал убиството на Алајбеговиќ, при што клучна улога имал обвинетиот Милош Раичевиќ, за кого обвинителството тврди дека редовно го посетувал овој навивач во болницата, а информациите што ги добивал од него им ги пренесувал на припадниците на кланот.

– Планирале да го убијат кога ќе излегувал од болница. Една од опциите, според пресретнатите пораки, била ликвидација на самиот болнички кревет, друга, пак, додека го транспортираат во станот кај мајка му, а наводно размислувале и да постават бомба пред зградата – потсетува извор близок до случајот.

– Што зборува, дали е мафијаш? Што кажува мајка му? – наводно го прашале Раичевиќ припадниците на кланот, а кој бил во контакт со мајката на Алајбеговиќ.

– Па, мајка му вели дека ќе го чува обезбедување – им одговорил тој.

– Дали зборува мајка му нешто за нас, оти му кажува на тој „ретард“ сè? – го прашуваат понатаму.

– Во параноја е од сите, како да собира сè за вас. Не знае, јаден, дека нема да го преживее излегувањето од болница – им одговорил.

Потоа, како што се наведува, Раичевиќ ги известил дека здравствената состојба на Алајбеговиќ во болница се влошила и дека добил висока температура.

– Се бори како хиена да преживее, можеби и ќе цркне. Сега има температура, му дале некои лекови – ги известил тој.

– Ако преживее, тоа ќе биде феномен – му одговориле, на што тој рекол дека Алајбеговиќ му испратил гласовна порака и дека „е преплашен за животот“.

– Мислам дека тешко ќе преживее – заклучиле тие.

За потсетување, Ненад Алајбеговиќ последен пат бил нападнат во јули оваа година, кога напаѓач пукал во него во Нов Белград, но тогаш поминал без повреди.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот