Продолжен притворот на лидерот на индиската опозиција пред изборите

Арвинд Кејривал / Фото EPA-EFE/RAJAT GUPTA EPA-EFE/RAJAT GUPTA

Судот во Њу Делхи денеска му го продолжи притворот на опозицискиот лидер Арвинд Кеџивал до 23 април, што е удар за опозицијата, на која и е потребно тој да ја води кампањата пред општите избори што почнуваат в петок.

На 21 март, индиската Агенција за борба против финансиски криминал го уапси Кеџивал, началник на регионот на Њу Делхи и лидер на Партијата на обичниот човек, член на опозициската коалиција „Индија“, која е главен ривал на владејачката партија Баратија Џаната (БЈП) на премиерот Нарендра Моди. под обвинение дека неговата партија речиси две години примила милијарда рупии (11 милиони евра) од добавувачи на алкохол.

Кеџивал негира се и тврди дека неговото апсење е незаконско и дека целиот случај е „политичка местенка“. Неговата партија, исто така, жестоко ги отфрли сите наводи и рече дека Кеџивал ќе остане началник додека судот не донесе одлука

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот