Пробиен патот до селото Герман, учениците се вратија на настава

Пробиен патот до селото Герман, учениците се на настава/Фото: МИА

По четири дена непристапност и немање сообраќајна комуникација со општината, расчистен е регионалниот пат Општина Ранковце – село Герман.

Расчистувањето е извршено и кон црквата и кон подрачното основното училиште „Христијан Тодоровски Карпош”, така што, по три дена онлајн настава, од денеска учениците се вратија во училишните клупи.

Жителите на ова планинско село кое се наоѓа на 1.400 метри надморска височина беа отсечени четири дена откако на 1 февруари обилните врнежи од снег формираа снежна покривка од околу 70 сантиметри.

-Вработените во Јавното претпријатие Македонија пат информираат дека во саботата било расчистено до село П’клиште, а вчера попладне специјалното возило се проби до куќите во селото Герман. Конфигурација на теренот и навевите од снег на некои места надминуваа и метар и половина, што беше причина за бавно одвивање на работата, информира градоначалникот на Општина Ранковце, Борче Спасовски.

Вчера попладне на терен кај мештаните во Герман беа градоначалникот Спасовски и претседателката на Советот на Општина Ранковце, Александра Стамболиска.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот