Привремениот премиер на Бугарија ја потврди позицијата на Софија за Северна Македонија

Стефан Јанев
Стефан Јанев / Фото: МИА

Претседателот на привремената Влада на Бугарија Стефан Јанев на денешната средба со министерот за надворешни работи на Португалија Аугусто Сантош Силва и еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји ја повторил бугарската позиција за приклучувањето на Северна Макеоднија кон Европската Унија, јави дописникот на МИА од Софија.

Главна тема, според соопштението од прес-службата на бугарската Влада, била европската перспектива на државите од Западен Балкан во рамките на процесот по проширување на Европската унија. Во фокусот на разговорите биле предизвиците што стојат пред приклучувањето на Република Северна Македонија и можностите за подобрување на дијалотот со Република Бугарија.
Со оглед дека Португалија е актуелен претседавач со ЕУ, од страна на гостите била изразена подготвеност за посредување во разговорите меѓу двете држави

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот