Приведени три лица од струмичко, превезувале 25 кубици бесправно исечени огревни дрва

Сечени дрва/ Фото МИА.мк

Во атарот на селон Варварица, струмичко, на место викано „Варница”, вчера полицајци од станицата Радовиш  лишиле од слобода три лица  , сите од село Баница, струмичко.

Како што соопштуваат од МВР, Д.С.(22), С.С.(43) и З.С.(43) биле затекнати како со повеќе запрежни возила превезуваат вкупно 25 метри кубни бесправно исечени дабови огревни дрва, а кај нив биле пронајдени и одземени и неколку моторни пили.

Дрвата и запрежните возила се пренесени во склад на јавното претпријатие „Национални шуми” во Струмица. Трите лица се приведени и задржани во полициска станица Струмица, а во координација со Јавен обвинител по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена пријава поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „пустошење на шума”, по член 226 од Кривичниот законик.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот