Приведен возачот на камионот што пропадна во фонтаната, Град Скопје тврди дека немал дозвола за движење на плоштадот

Пропадна возило во фонтаната на плоштад/Фото: Слободен печат/Марина Дамческа

Возачот на камионот, што утрово пропадна во подната фонтана на плоштадот Македонија, е приведен и изведен пред суд. Од Град Скопје тврдат дека возилото на приватната компанија чиј камион неовластено влегол на плоштадот Македонија, по што причинил материјална штета немало дозвола за движење на плоштадот, иако имало поднесено такво барање.

Возачот, странец, државјанин на Турција е приведен и изведен пред суд. За овој настан МВР ќе поднесе и соодветен поднесок. Град Скопје по извршениот инспекциски увид издаде санкција која правното лице ќе треба да ја плати во рок од 10 дена, во спортивно ќе следи прекршочна и кривична пријава – информираат од Град Скопје.

Подната фонтана на плоштадот Македонија не работи неколку лета, токму поради честите оштетувања и од возила на градската чистота и од превозници кои пропаѓаат во неа, а кои претходно добиле специјални дозволи за движење низ плоштадот заради завршување на некои работи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот