Приведен тинејџер од Виница, во неговиот дом пронајдени 3.000 пиротехнички средства

Фото: МВР

Деветнаесетгодишник од Виница бил приведен вчера откако при претрес во неговиот дом биле пронајдени 3.000 парчиња пиротехнички средства.

„На 20.12.2023 во Виница, полициски службеници од ОВР Виница го лишиле од слобода Ф.А.(19) од Виница. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени околу 3.000 парчиња разновидни пиротехнички средства“, информираат од МВР.

Лицето било приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во консултација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена пријава по член 396 од Кривичниот законик.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот