Приведен кичевец кој превезувал огревно дрво без жиг

Фото: МВР

Во кичевско Колари, синоќа во 19.05 часот од полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки, во рамки на Одделот за гранични работи при БЈБ, приведен е 41-годишниот Л.З. од истото село, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.

– Тој во патничко возило „сеат толедо“ со кичевски регистарски ознаки, со приклучна приколка, кое го управувал, превезувал нежигосано огревно дрво – бука. Исто така, при негова контрола, констатирано било дека Л.З. не поседува никаква документација за дрвата, се појаснува во соопштението.

Лицето било спроведено во Полициско одделение Зајас и против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот