Приватното сместување во Хрватска со пониски цени и до 50 отсто

Дубровник, Хрватска Фото: Wikimedia commons

Се остваруваат предупредувањата на искусните туристички експерти, дека сите оние кои лакомо ги покачуваа цените во приватното сместување ќе го добијат најлошиот крај оваа сезона. На терен ни потврдуваат дека почнала „продажбата“ на непополнети сместувања во акции во последен момент кои одат и до 50 проценти, иако резервациите во јули малку се забрзани во однос на мај и јуни, пишува Пословни.хр.

„Ситуацијата не е алармантна, но може да ги намали приходите на крајот од денот, а на крајот од сезоната секој мора добро да размисли дали да продолжи да се однесува како следното лето да не постои“, вели Игор Поповиќ, сопственик на Адриагет, кој управува со 12.000 сместувачки единици. Некои го искористија овој момент за да ги зголемат цените и до 40, 50 отсто, а други беа помудри, па во просек оваа сезона влезе приватното сместување со цени повисоки за 15 до 20 отсто, додава Поповиќ.

Но, кога се појавија вестите за рецесијата, побарувачката забави, особено за најскапите опции.

„На почетокот на летото најголем проблем беа скапите вили со базени, кои тешко ги пополнуваа празнините, а на промоциите во последен момент ги намалија цените и до 50 отсто. Кога го видоа тоа гостите, почнаа да откажуваат резервации на Букинг, бидејќи луѓето сфатија дека можат да најдат нешто поевтино“, објаснува Поповиќ.

Следни на удар би можеле да бидат рестораните, кои ќе мора да се помират со фактот дека имаат помалку гости и оние гости кои не се подготвени да платат колку што сакаат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот