Притвор за тетовецот кај кого беа најдени фалсификувани девизи

Мерка од 30 дена притвор денеска доби 44-годишниот жител од Долна Лешница кој вчера беше приведен откако кај него беа пронајдени фалсификувани 13 илјади евра и друг вид материјал.

Тетовската полиција денеска до Основното јавно обвинителство Тетово поднесе кривична пријава против Б.Џ. поради основано сомнение дека сторил кривично дело „фалсификување пари”.

Со кривичната пријава тој беше изведен пред судија во претходна постапка на Основниот суд Тетово, кој му определил мерка притвор од 30 дена, по што ќе биде спроведен во Казнено-поправната установа Затвор „Скопје” во Скопје за издржување на мерката, информираат од СВР Тетово.

При претресот извршен вчера во домот и помошни простории на Б.Џ. беа пронајдени и одземени околу 13 илјади фалсификувани евра, 250 швајцарски франци, кувајтски динари, обрасци и други фалсификувани материјали (маркички, хартија и слично).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот