Пристигнаа 24.000 дози од вакцината на „АстраЗенека“ и втора пратка „Спутник V”: Од среда имунизација на хронично болните над 75-годишна возраст

На Меѓународниот аеродромот во Скопје вчера пристигнаа 24.000дози од вакцината на „АстраЗенека” од КОВАКС механзимот, преку кој до крајот на април се најавени уште 76.000 вакцини од истиот производител, како и втора пратка од руската вакцина „Спутник V”. Вакцинацијата со вчера пристигнатите вакцини на „АстраЗенека”, произведени во Јужна Кореја, треба да стартува в среда во вакциналните пунктови во здравствените домови, додека дозите од „Спутник V” се наменети за ревакцинација на 3.000 здравствени работници.

Министерот за здравство Венко Филипче при приемот на вакцините на „АстраЗенека” на скопскиот аеродром информира дека со нив први ќе се вакцинираат 20.000 лица над 75 години со хронични болести и согласно местото на живеење ќе биде направена дистрибуција на вакцините во вакциналните пунктови во здравстевните домови, каде вакцинацијата се спроведува според редовниот календар од страна на кадар со искуство.

Филипче се заблагодари на меѓународните претставници за помошта за транспортот и приемот на вакцините, изразувајќи надеж за континуитет на доставата на вакцини преку Ковакс механизмот.

– Во развивање на Ковакс механизмот инвестираа и учествуваа многу држави во светот, СЗО, Глобалната алијанса за имунизација со цел да имаме еднаква и правична распределба на вакцините ширум светот. Сакам да се заблагодарам на сите земји кои го поддржаа овој систем посебно на претставниците на пријателските земји за нас кои се денеска тука со нас САД, Германија, Велика Британија, Франција, како и на претставниците и на СЗО и на УНИЦЕФ со чија помош го организиравме целокупниот систем за транспорт за прием и понатаму за користење на овие вакцини, а  врз основа на искуствата на сите земји каде што се користат, изјави Филипче.

Тој нагласи дека здравствениот систем сега е целосно посветен на брзо и ефикасно спроведување на имунизацијата и дека има најави за пристигнување на други вакцини во текот на овој месец. Покрај дополнителните 76.000 дози преку КОВАКС системот, во април треба да пристигнат и вакцини од Кина, со што ќе почне масовна имунизација во салата „Борис Трајковски”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!