Фото: EPA-EFE/TOLGA AKMEN

Принцот Хари планира да сними документарец за својата покојна мајка Дијана: Ќе ја открие ли вистината?

Британскиот принц Хари планира да сними „екстремно опасен“ документарец за неговата покојна мајка, принцезата Дијана. Документарецот ќе се емитува на Нетфликс, а кралскиот експерт Ричард Фицвилијамс процени дека потенцијалниот проект би можел да има „опасни“ последици.

Документарецот доколку се сними, наводно ќе биде објавен во 2027 година, токму на 30-годишнината од смртта на принцезата Дијана. Зборувајќи за можниот проект, поранешен службеник за кралска заштита му се обрати на принцот Хари, велејќи му „ да го вклучи мозокот пред да ја отвори устата“ и да ги запре теориите на заговор за смртта на принцезата Дајана, пренесува „Њуз“.

Иако документарецот не е потврден од Нетфликс и од принцот Хари, кралскиот експерт Ричард Фицвилијамс ги сподели своите мисли за потенцијалниот проект, велејќи дека доколку се емитува таков документарец, тоа би ги загрозило сите шанси Хари да се смири со кралското семејство.

„Од неговите мемоари знаеме колку длабоко ја сакал својата мајка и колку бил тажен поради нејзината смрт. Доколку предложениот документарец содржи нешто контроверзно, тоа сериозно би го загрозил односот на Хари  кој вели дека го сака со своето семејство, иако несомнено би ја привлекол публиката на Нетфликс“, рече Фицвилијамс, prenesuva „Б92“.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот