Фото: EPA-EFE/NEIL HALL EDITORIAL

Принцот Џорџ стави крај на вековна традиција: Кралското семејство сака да има нормално детство

Принцот Џорџ наскоро ќе го прослави својот десетти роденден, а според кралската традиција во тие години има одредени обврски, кои членовите на кралското семејство мора да ги исполнат, пишува „Дејли мејл“.

Сепак, се чини дека младиот принц ќе биде исклучок. На десетгодишна возраст, децата на кралското семејство мора да ги прифатат обврските во воената служба, а потоа и воениот рок. Сепак, принцот Џорџ ќе стави крај на оваа стогодишна традиција и нема да се приклучи на војската.

Кејт Мидлтон (41) и принцот Вилијам (41) постојано нагласуваат дека сакаат нормално детство за своите три деца и дека сакаат тие да бидат рамноправни со своите врсници.

Фото: EPA-EFE/Jonathan Brady / POOL EDITORIAL USE ONLY EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Според историчарот Домник Сендбрул, традицијата на кралските семејства да им се придружуваат на вооружените сили, дури и на кратки периоди, ѝ дава клучен легитимитет на монархијата.

„Во теорија, нема ништо што го спречува Џорџ да има кариера како астронаут, на пример, ако тоа е она што тој го сака, а потоа да стане крал“, вели Сендбрул.

Фото: EPA-EFE/TOLGA AKMEN

Но, правилата сега се поинакви и тој не мора нужно да ја следи формулата за приклучување во војска.

Инаку, воен рок во кралското семејство служеа принцот Вилијам, кој бил во вооружените сили и принцот Хари (38), кој дури служеше во воена база во Авганистан.

Принцот Хари за денот кога се родил: Знаете ли што ѝ рекол татко ми на принцезата Дијана тогаш?

Хари и Меган ја загубија битката: Нема да бидат обезбедувани од британската полиција

По секоја цена сакал да спречи една работа: Кралот Чарлс ја исфрли саканата асистентка на кралицата Елизабета

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот