Фото: Скриншот/Јутјуб

Принцезите од Дедиње: Маја и Мира Мијатовиќ живееја во раскош, а завршија трагично – починаа една по друга

Маја и Мирјана Мијатовиќ беа ќерки на претседателот на Претседателството на Југославија и народен херој Цвијетин Мијатовиќ и актерката Сибина Мијатовиќ. Нивна маќеа беше големата актерка Мира Ступица, пишува „Стил“.

Се зборуваше дека вистинската љубов на Цвијетин била Сибина, со која имал складен брак. Но, по тешка сообраќајна несреќа, таа трагично загинува на 41-годишна возраст, оставајќи ги зад себе двете ќерки – Маја и Мира, тогаш стари само 4 и 9 години.

Три години по несреќата, Цвијетин се оженил со Мира Ступица. Таа подоцна раскажуваше дека нивниот брак бил спој на двајца луѓе кои доживеале иста болка – губење на сакан сопружник.

„Во социјализмот, за жал, нема крал, но јас се омажив за претседател на држава. Направив најмногу што можев, во дадените околности“, му велела таа на својот брат Бора.

Фото: Скриншот/Јутјуб

Со доаѓањето на Цвијетин на чело на Југославија во 1980 година, семејството се преселило во Дедиње – симбол на моќта и политичката елита. Во раскошната вила со голема градина, Маја и Мира живееле како вистински принцези.

Тие организирале гламурозни забави, на кои доаѓале уметници, музичари и деца на партиски функционери. Биле млади, убави, модерни и го живееле боемскиот живот на белградската елита.

Во 1981 година, Мира го основала бендот „ВИА Талас“ со Бојан Печар. Тие во 1983 година го снимиле албумот „Перфектен дан за банана рибе“, од кој најголем хит станала песната „Сама“. Бендот дури настапил како предгрупа на легендарните „Идоли“. Но кратко траеле, а Мира продолжила бунтовнички живот, често гледана во клубот „Академија“.

Фото: Скриншот/Јутјуб

Еден од нејзините најблиски соработници, Мишко Плави, се сеќава: „Свиревме во подрумот на Мира, а точно над нас беше канцеларијата на нејзиниот татко. Еднаш дојде и ни рече: ‘Деца, имам врска со Брежњев, престанете малку со чинелите, по тапаните можете’“.

Нејзината сестра Маја водела емисија „Неделно попладне“ на телевизија Сараево и глумела во Народниот театар. Сепак, и двете сестри постепено западнале во зависност. Според сведоштвата на пријателите, дрогата си го зела својот данок и ги оддалечила од јавноста.

Во 1991 година, Мира починала во Белград од предозирање со хероин, на неполни триесет години. Неколку месеци подоцна, во истата година, починала и нејзината сестра Маја.

Фото: Скриншот/Јутјуб

„Никој не знаеше ни кога почина Мира, а за Маја дознавме многу подоцна. Тоа беше голем срам – смртта на двете ќерки на претседателот на државата“, ќе каже подоцна музичарот Мишко Плави.

Смртта на двете ќерки на претседателот беше голем шок за јавноста, но медиумите молчеа – се објавија само кратки известувања без детали, бидејќи семејството беше дел од политичката елита.

По нивната смрт, Цвијетин се повлекол од јавноста. Две години подоцна починал од мозочен удар. Иако се очекувало да биде погребан во Алејата на заслужните граѓани, тој бил положен во обична парцела на Ново гробље во Белград – веројатно по негова желба, за да почива покрај сопругата Сибина и двете ќерки, Маја и Мира.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот