Прилепчани со протест и блокади молат за чист воздух

фото: МИА, протест за чист воздух во Прилеп

Прилепчани денеска излегоа на протест и едночасовна улична блокада во близината на фабриката „11 Октомври“, кај погонот Ламинати. Остро реагираат и бараат да се открие и санкционира виновникот што еден месец им го загрозува здравјето со тешки миризби. Не прифаќаат, според нив, паушални и манипулативни наоди од локалните инспекциски служби. Сакаат да ја слушнат вистината за тешка миризба која во вечерните и ноќни часови се шири во Прилеп, а која пак влијае на здравјето на граѓаните. Весна Шапкоски од невладината организација „Станица П.Е.Т.“ смета дека службите не си ја вршат работата како што треба. Според неа, граѓаните не се задоволи од тоа како постапуваат по пријавите од Општината и од Државниот инспекторат за животна средина.

– Во почетокот на неделата поднесовме пријава до инспекторатот, а и до Народниот правобранител за несоодветното постапување при загрозување на здравјето на граѓаните, изјави Шапкоски.

Инспекциските служби во локалната самоуправа соопштија дека пожарникарите за 20-тина дена интервенирале 12 пати на гаснење пожари во кругот на фабриката „11 Октомври“. Од последниот пожар со непријатна миризба земени биле примероци за анализа. Граѓаните не веруваат и сметаат дека се изманипулирани. Бараат да се лоцира виновникот.

– Последниве два дена како да е стивнато, но тоа е страшна миризба, на пластика, мириса на гуми, на смола. Се вовлекува во носот, очите печат. Ова влијае на здравјето. Бараме надлежните општински и државни институции во најскоро време да преземат мерки и да го лоцираат виновникот, изјави Гоце Трајкоски од урбаната заедница „Сточен пазар“.

Во прилепската болница потврдуваат дека последниот период зголемен е бројот на пациентите кои се жалат на проблеми со очите токму поради миризбите и тешкиот воздух.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот