Прилепчани уапсени на улица „Скопска“, полицијата им нашла кафеава прашкаста материја

Фото: МВР/илустрација

Полицијата денеска ги притвори двајца прилепчани и еден битолчанец кај кои се пронајдени кафеава прашкаста материја и марихуана.

Во Прилеп, на улицата „Скопска” полицијата ги привела 32-годишниот прилепчанец со иницијали Ч.К. и 36-годишниот негов сограѓанин со иницијали П.И. Кај нив биле пронајдени две кеси со кафеава прашкаста материја. Двајцата се задржани во прилепската полиција и по целосното документирање на настанот ќе биде поднесена кривична пријава.

Исто така, денеска, полицијата во Битола го привела 25-годишниот битолчанец со иницијали Н.Д. кај кого е пронајдена марихуана. Тој е приведен во полициската станица во Битола и по документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава, информираат од СВР Битола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот