Album / Album / Profimedia

Приказната за најпознатиот поглед под око во историјата на Холивуд: Софија Лорен и Џејн Менсфилд – елеганција наспрема екстраваганција

Една од најгламурозните фотографии од светот на шоу-бизнисот крие повеќе отколку што изгледа на прв поглед. Црно-белата фотографија направена во 1957 година ја покажува Софија Лорен како под око ја гледа својата колешка Џејн Менсфилд, а тоа стана култен момент во историјата на Холивуд.

На вечерата „Добредојдовте во Холивуд“ организирана за Софија Лорен во април 1957 година, Џејн Менсфилд влегла во ексклузивниот ресторан „Романоф“ во Беверли Хилс со план. На луксузната забава, зад која стоело студиото „Парамаунт“, присуствувале некои од најголемите ѕвезди од тоа време; Барбара Стенвик, Монтгомери Клифт, Гари Купер и Шели Винтерс. Но, токму непланираната фотографија од Лорен и Менсфилд засекогаш ќе ја одбележи таа вечер.

Според зборовите на Ив Голден, авторка на книгата „Jayne Mansfield: The Girl Couldn’t Help It”, Менсфилд сакала да биде сигурна дека сите очи ќе бидат вперени во неа. Таа потпишала седумгодишен договор со „Ворнер Брос“ во февруари 1955 година, а тогаш 24-годишната поранешна зајчица на „Плејбој“ веќе била претставена како конкуренција на Мерилин Монро, која „правела проблеми“ за студиото „20th Century Fox“.

„Таа пријде и седна до Софија Лорен… Џејн точно знаеше што прави“ – изјавила тогаш Ив Голден.

Софија Лорен имала само 22 години кога пристигнала во Холивуд. До април 1957 година, било време Лорен да блесне пред холивудската елита во „Романоф“, каде што Менсфилд пристигнала последна. Била нагрната со голем крзнен капут, објасни Голден. Кога го соблекла, открила фустан со гол грб и многу длабоко деколте, знаејќи дека тоа ќе го привлече целото внимание – особено на фотографите.

The Legacy Collection / Hollywood Archive / Profimedia

„Таа пријде и седна до Софија Лорен“, откри Голден. „Тоа беше целосно испланирано. Џејн знаеше точно што прави.“

Фотографите Делмар Вотсон и Џо Шер го снимиле моментот: додека Менсфилд се смешка во камерата, Лорен со неверица гледа во нејзиното деколте – и така се роди најпознатиот поглед под око во историјата на Холивуд.

Шеесет и осум години подоцна, фотографијата останува една од култните во Холивуд. Хајди Клум, Ана Никол Смит, Сидни Свини, Мод Апатоу, Софија Вергара и Џули Бовен ја имитирале. Сликата го симболизира контрастот меѓу двете жени: елеганција наспрема екстраваганција, Европа наспрема Америка, бринета наспрема русокоса.

„Како да се облекувале намерно за да создадат контраст“, ​​вели Голден.

Во интервју за Entertainment Weekly во 2014 година, Лорен изјави: „Погледнете ја сликата. Каде ми се очите? Ги гледам нејзините брадавици затоа што се плашев дека ќе завршат на мојата чинија. Можете да го видите стравот на моето лице. Се плашев дека нешто од нејзината облека ќе експлодира – бум! – и ќе заврши по целата маса.“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот