Преживеана од Аушвиц на Ѕидот на плачот го прослави својот 104. роденден

Преживеана Еврејка од логорот во Аушвиц, Шошана Овиц го прослави својот 104. роденден на Ѕидот на плачот во Ерусалим, заедно со речиси 400 свои потомци и роднини.

Како што соопшти израелската Амбасада во Берлин Овиц како роденденски подарок посакала да се соберат сите нејзини деца, внуци и правнуци кај Ѕидот.

„Дојдоа скоро сите”, се наведува во објава на Твитер-профилот на Амбасадата.

По Втората светска војна, додека ги барала своите роднини по светот, Овиц го запознала и идниот сопруг, кој пак, во Холокаустот ги изгубил сопругата и четири деца. Се венчале и првото дете го добиле во бегалски камп во Австрија. Подцна се преселиле во Израел каде што имале уште четири деца.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот