Памела Андерсон и Томи Ли / Фото: EPA/Profimedia

„Преземам контрола“: Памела Андерсон проговори за секс-снимката со Томи Ли

Памела Андерсон е синоним за жена со голем сексапил и актерка која важеше за најголем секс-симбол во деведесеттите години на минатиот век.

Таа и нејзиниот тогашен сопруг Томи Ли беа навистина несекојдневен љубовен пар, со неконвенционален животен стил. Андерсон и Ли се запознале на новогодишната забава на преминот од 1994 кон 1995 година. Нивниот прв романтичен состанок бил доволен за да сфатат дека се еден за друг – за само 96 часа, тие стапиле во брак во Канкун, Мексико.

Кратко по венчавката, Андерсон и Ли се вселиле заедно. За време на медениот месец, тие решиле да снимат секс-снимка, која требало да биде само за нив двајца. Во меѓувреме, тие почнале да ја реновираат нивната огромна куќа во Малибу и вработиле голем број луѓе. Нивните вработени тврдат дека Андерсон и Ли биле неподносливи и дека ужасно се однесувале кон нив, до степен што не сакале да им исплатат пари на дел од нив, а Томи Ли во еден момент дури и им вперил пишол и ги избркал од домот.

Памела Андерсон и Томи Ли на Канскиот филмски фестивал во 1995 година / Фото: ANGELI-RINDOFF-GARCIA / Bestimage / Profimedia

Електричарот Ранд Готје решил да им се одмазди и да им го украде сефот од нивната гаража. Тој не можел ни да претпостави дека во тој сеф се наоѓа видеокасетата која подоцна засекогаш ќе им го промени животот на Андерсон и Ли. Неколку месеци подоцна, приватната секс-снимка на познатата двојка дошла до очите на јавноста. Останатото е историја.

По нешто повеќе од две децении, Памела Андерсон реши да „преземе контрола врз наративот“ во нејзиниот претстоен документарец „Pamela, a love story“, кој ќе се прикажува на филмската платформа Нетфликс на 31 јануари.

Главната причина поради која актерката решила да го сними документарниот филм е бидејќи ѝ е доста од тоа другите да ја раскажуваат нејзината приказна, индиректно алудирајќи на биографскиот филм „Pam & Tommy“, кој ја раскажува приказната за озогласената секс-снимка.

Томи Ли и Памела Андерсон на премиерата на филмот „Scary Movie“ / 20 октомври 2003 / Фото: EPA/DEBBIE VANSTORY

„Ја блокирав таа украдена снимка од мојот живот за да преживеам и сега сѐ се враќа повторно. Јас се чувствувам лошо. Сакам за првпат да преземам контрола врз наративот“, вели Андерсон во најавата за документарецот.

Покрај тоа, главниот фокус на документарецот е нејзиниот пат до успехот во Холивуд, но и за тоа дека никогаш не била доживувана како сериозна актерка. Меѓу другото, Андерсон ќе зборува и за родителството и за двајцата сина кои ги има со Томи Ли.

„Немав чувство дека ме почитуваат. Морав да направам кариера од тоа што ми остана. Но, јас не сум девојка во неволја. Се најдов себеси во луди ситуации и ги преживеав“, вели таа.

На крајот од најавата, легендарната русокоса прашува: „Може ли сите да бидеме херои на сопствените животни приказни?“

Повеќе на темата:

Памела Андерсон снима документарен филм за нејзините шест неуспешни бракови

Памела Андерсон ќе ја раскаже својата приказна за Нетфликс: Не сум жртва, туку борец

Започна контроверзната серија за Памела Андерсон и Томи Ли: Неверојатна трансформација на актерите!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот