Превкусен ручек за денеска: Полнети компири со сирење и павлака

Фото: Marco Verch Professional Photographer / Flickr

Запечените полнети компири се одличен прилог со разни јадења од месо, но може да се консумираат и како главно јадење и како ужина.

Состојки:

– 4 поголеми компири

– 150 г сирење

– 1 јајце

– сечкан магдонос

– 1 лажица кисела павлака

– црвена пиперка

– 50 г путер

– бибер и сол

Фото: Matthew Osier/ Pexels

Подготовка:

Компирите варете ги најмалку 30 минути на тивок оган.

Кога компирите ќе се сварат, пресечете ги на половина по должина. Ако е потребно, засечете малку од долната страна за да можат половинките рамно да стојат. Со лажица внимателно издлабете дупка во секоја половинка од компирот.

Подгответе фил, така што со виљушка ќе изгмечите сирење, ќе додадете павлака, јајца, магдонос, малку бибер, сол и сечкана пиперка, па добро сето тоа ќе го измешате.

Подредете ги компирите во сад за печење и со лажица наполнете ги со филот. Меѓу компирите ставете путер или маргарин.

Печете во загреана рерна на 200 степени околу 30 минути.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот