Преведувачката Олга Панкина организира македонски литературни настани во Москва

По повод Денот на словенската писменост преведувачката Олга Панкина организира низа литературни настани во Москва.

– Повеќе од 300 милиони луѓе во светот зборуваат и пишуваат на словенските јазици. Токму словенскиот збор им дава живот и чувства на словенската душа, на словенските обичаи и начинот на живеење. Писмото што го користиме почна да се шири токму од македонската земја благодарение на значајната мисија на солунските браќа. Денес е многу важно дијалогот меѓу народите да се одвива на ниво на културите – на основа што ја содржат во себе како традициите и историјата, така и литературните и уметничките дела – истакнува Олга Панкина.

Програмата со настани почна на 15 мај во библиотеката „Алексеј Толстој“, каде што Панкина одржa предавање на тема „Современ македонски роман“, а беше отворена и книжната изложба „Дваесет македонски романи на руски“.

На 18 мај во Московскиот дом на националностите ќе се одржи тркалезна маса на тема „Литература на словенските народи: историjа, традиции, современост“, а Панкина ќе зборува за македонската книжевност.

На 28 мај во „Библиотека на странската литература“ ќе се одржи средба „Сто словенски романи“, а во рамките на проектот „Читаj jа Македониjа!“ ќе се одржи и литературна вечер со наслов „Нови имиња. Литература на младите“.

На 29 мај во библиотеката „Пабло Неруда“ ќе биде промовирана книгата „Господарот на перото. Поезиjа на Радован Павловски“, а промотори ќе бидат Олга Панкина, инициjатор на проектот, составувач и преведувач, и Александар Белугин, илустратор на книгата.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 128, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ на 14-15 мај 2022)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот