Претставници на Израел, Катар, САД и Египет на разговори во Доха за продолжување на примирјето

Доха/Фото: Hasan Zaidi / Alamy / Alamy / Profimedia

Директорите на израелската разузнавачка служба Мосад и американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) ќе одржат средба со премиерот на Катар, Мохамед бин Абдулрахман бин Јашим Ал Тани, со цел „продолжат да го надградуваат напредокот“ постигнат со дводневното продолжување на примирјето Израел и Хамас.

На разговорите ќе учествува и египетска делегација, а целта на средбата е да се отвори следната фаза од потенцијалните преговори, соопштија британските медиуми, повикувајќи се на свои извори.

Шефот на катарската дипломатија, Маџед Ал Ансари, претходно изјави дека неговата земја ќе се обиде да го продолжи примирјето, но дека преговорите со Тел Авив се најтешкиот дел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот