Плакат за претставата „Лавина“

Претставата „Лавина“ премиерно ќе биде изведена во Турскиот театар во Скопје

Националната установа Турски театар ја најави премиерната изведба на претставата „Лавина“ од драмскиот автор Тунџер Џуџенолу во режија на Наташа Поплавска. Премиерата ќе биде изведена на 30 април, во 20 часот, на сцената на Театар Комедија.

Преводот на текстот е на Џанан Али, сценографија и костимографија се според замисла на Наташа Поплавска, изборот на музиката е на Ристо Вртев, а кореографијата е на Ирена Лозинска.

Во претставата играат Зиба Радончиќ, Селпин Керим, Ебру Мусли, Дин Ибрахим, Сузан Акбелге, Бурханетин Ибрахим, Џенап Самет, Слаѓана Вујошевиќ, Јеткин Сезаир, Инес Радончиќ, Емине Халил, Аксел Мемед и Наџије Кеч.

Темата на претставата е загатната со прашањето: Дали лавината е само појава во природата или, можеби, ние во нашите глави сами го создадовме овој страв? – посочија од НУ Турски театар во Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот