Претставата „Еден месец на село“ ќе гостува на сцената на Црногорско народно позориште

Македонскиот народен театар со претставата „Еден месец на село“ кое е дело од врвниот книжевен опус на рускиот автор Иван Сергеевич Тургењев, а во режија на славниот италијански режисер Паоло Маџели, на 1 ноември ќе гостува на сцената на Црногорско народно позориште, Подгорица, Р. Црна Гора.

 „Еден месец на село“ ќе биде изведена пред црногорската публика во ревиjалниот дел, а во рамките на затворањето на Биеналето на црногорските театри 2019, како и по повод прославата за Денот на Црногорскиот народен театар.

 Во овој исклучителен проект кој својата премиерна изведба ја имаше на 29-ти септември минатата година игра веќе докажаната актерска екипа: Ѓорѓи Јолевски, Сашка Димитровска, Дарја Ризова, Катерина Коцевска, Тина Трпкоска, Александар Микиќ, Никола Ристановски, Стефан Спасов, Нино Леви, Сашко Коцев, Дамјан Цветановски и Ана Стојановска.

 Во процесот на претставата соработуваа уметници меѓу кои  Катерина Коцевска, која го направи преводот и адаптацијата на текстот, Жељка Удовичиќ – драматург, Лоренцо Банчи – сценограф и Мануела Паладин – костимограф и композитор на музиката е Љупчо Константинов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот