Претседателот Пендаровски брифиран за борбената готовност на Армијата

Претседателот и врховен командант на вооружените сили, Стево Пендаровски и министерката за одбрана Славјанка Петровска

Состојбата во функционалните области кои имаат влијание на борбената готовност на Армијата се во фокусот на брифингот на Армијата на Република Северна Македонија пред претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, што се одржа денеска во Домот на АРМ во Скопје.

На активноста пред врховниот командант на Армијата на кој присуствува и министерката за одбрана, Славјанка Петровска, претставниците на кабинетот на претседателот и генералите во Армијата, началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски и директорот на генералштабот, бригаден генерал Симеон Трајковски ќе информираат за реализацијата на плановите и задачите и состојбата во Армијата во текот на 2023 година.

– Армија на Република Северна Македонија и нејзината борбена готовност се развиваат и зајакнуваат. Инвестираме во одбраната како гарант на нашата безбедност и стабилност, како и безбедноста на Алијансата. Со процесот на модернизација, секојдневно го менуваме ликот на Армијата. Продолжуваат набавките на нови и модерни оклопни возила, нови системи за против-воздушна одбрана, нови артилериски системи, креиравме и системско одржување на воздухопловите на Армијата до набавката на нови хеликоптери – напиша министерката за одбрана Петровска на фејсбук профилот.

Петровска во својата објава наведува дека одбраната и во 2023 година покажа дека е лидер во транспарентноста, потврден од повеќе независни мерења, исто како што министерството е посветено на градењето интегритет и родовата рамноправност во одбраната и Армијата.

Инаку брифингот е редовна годишна обврска на началникот на Генералштабот пред врховниот командант и е со цел претставување на состојбата во функционалните области кои имаат влијание на борбената готовност на Армијата.

Претседателот Пендаровски денеска подетално ќе биде запознаен и со состојбата и степенот на реализација на активностите во областите на персонален менаџмент, обука и вежби, операции во земјата и странство, опрема и инфраструктура, воено планирање и структура на сили, модернизација, буџетирање и финансирање

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот