Апсење / лисици / Фото: МИА

Претреси и апсење во Ѓорче Петров, разбиена мрежа за трговија со дрога

Се спроведува полициска акција во скопските населби Ѓорче Петров, Хром и Нерези, насочена против организирана мрежа за трговија со дрога.

Од Министерството за внатрешни работи потврдија дека акцијата е во тек и се спроведува во координација со обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК).

„Во координација со предметниот обвинител, единици од МВР вршат претреси на повеќе локации низ Скопје. Со оглед дека акцијата сè уште трае, повеќе информации ќе бидат споделени во текот на утрешниот ден,“ соопштија од МВР.

Првичните информации укажуваат дека се разбива нова група што делувала на подрачјето на Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот