Препораки за возачите: За безбедни празници бидете внимателни во сообраќајот

Мирен протест против насилството во сообраќајот/ Фото Слободен печат/ Марина Дамчевска

Новогодишните празници се време за дружења со најблиските и пријателите, за споделување на среќа и благосостојба, што значи поголема раздвиженост на луѓето, почести патувања, односно поголем број на возила во сообраќајот на патиштата, но и пониски температури и лизгави коловози, истакнуваат од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП).

За избегнување на несакани ситуации во сообраќајот и за среќни и незаборавни празници, РСБСП на возачите им препорачува да ги почитуваат правилата и прописите во сообраќајот, да не конзумираат алкохол кога управуваат со моторно возило, да не користат автомобил доколку немаат потреба за тоа, да ја почитуваат пропишаната брзина, да внимаваат на зимските услови за возење, да управуваат технички исправно возило, да не користат мобилен телефон додека возат, да користат сигурносен појас, да одржуваат растојание помеѓу возилата и слично.

Од РСБСП ја честитаат Новата 2023 година и советуваат за среќни моменти, насмевки и доживувања, граѓаните да бидат внимателни во сообраќајот. Да се ужива во празничното расположение, да се прославува одговорно и да се вози безбедно.

Гордана Кожуваровска, претседател на РСБСП, апелираше сите заедно да придонесеме за издигнување на безбедноста на сообраќајот на уште повисоко ниво.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот