коронавирус
Илустративна фотографија / Фото: ЕПА

Преполовен е бројот на ковид-пациенти во струмичката болница, но заболените се со потешка клиничка слика

 Преполовен е бројот на ковид-пациенти во струмичката болница, но тие што се на болничко лекување имаат потешка клиничка слика, информира директорот д-р Наќе Гогов.

Од вкупно 80 легла за пациенти заболени од коронавирусот во моментот се исполнети 20, а 22 пациенти се лекуваат во дневната болница, односно по примањето терапија продолжуваат со лекување во домашни услови.

– Состојбата е малку смирена во споредба со последните месеци од лани. Пациентите кои се примени на болничко лекување се со потешка клиничка слика. Порано бројот на пациенти беше поголем, но немаа толку тешка слика, рече директорот Гогов.

И покрај намалениот број на заразени, од болницата апелираат за доследно почитување на мерките за заштита за да не дојде до повторно ширење на болеста.

Инаку, заклучно со вчера во Струмичкиот регион се регистрирани 420 активни случаи на заразени од Ковид-1

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот