Пренасочени голем број летови од најфреквентните лондонски аеродроми

Голем број на летови на најфреквентните аеродроми во Лондон „Хитроу“ и „Гетвик’ биле пренасочени поради технички проблеми во центарот за контрола на воздушниот сообраќај, пренесуваат тамошните медиуми.

„Имаме технички проблем со системот во контролниот центар, што предизвика ограничување на летовите. Правиме се што е во наша моќ да го решиме тоа што побрзо“, соопшти контролниот центар НАТС.

„Евроконтрол“, пак, потврди дека дефектот предизвикал пренасочувања на голем број летови на двата аеродрома.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот