Премиерот на Јапонија најави зајакнување на армијата

Фумио Кишида / Фото EPA-EFE/NEIL HALL / POOL POOL

Јапонскиот премиер Фумио Кишида за време на денешната меѓународна смотра на воената флота изјави дека неговата земја мора итно да ги зајакне своите воени способности бидејќи има се повеќе безбедносни ризици, вклучително и нуклеарни закани од Северна Кореја и руската војна против Украина.

Во поморската смотра учествуваа 18 воени бродови од 12 земји, меѓу кои САД, Австралија, Канада, Индија, Нов Зеланд, Сингапур и Јужна Кореја, а воени авиони испратија и САД и Франција.

Јужна Кореја се приклучи по првпат по седум години, што се случува поради подобрените врски меѓу Токио и Сеул, кои беа затегнати поради воените злосторства на Јапонија.

– Безбедносното опкружување во Источното и Јужното Кинеско Море, особено околу Јапонија, станува сè понапната, рече Кишида, посочувајќи на бројните лансирања на ракети од Северна Кореја и зголемената загриженост за влијанието од руската инвазија на Украина.

Кишида рече дека е важно избегнувањето спорови и барањето дијалог, но и дека е неопходна подготвеност да се одговори на провокациите и заканите по мирот и стабилноста.

Тој го повтори своето ветување за значително зајакнување на воената способност на Јапонија во рок од пет години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот