Имерзивен перформанс „Ехо од длабочините“ во режија на Нина Николиќ и Борјан Стојков

Премиерата на претставите „Ехо од длабочината“ и „Во миг“ се одржа во театарот ТАК во Берлин

На сцената на Театарот ТАК во Берлин, на 20 мај, во рамките на проектот ПРОСПЕР (Прототип за оджливи резиденции на периферии) беа премиерно прикажани имерзивниот перформанс „Ехо од длабочините“ во режија на Нина Николиќ и Борјан Стојков („Перипетија продукција“) и мултимедијалната театарска претстава „Во миг“ во режија на Ана Константиновиќ („Ехо анимато“).

„Ехо од длабочината“ е поетичен, имерзивен ВР перформанс кој ја истражува кревката убавина на Охридското Езеро и еколошките предизвици со кои тоа се соочува. Составено од два дела, доживувањето најпрвин ги носи гледачите на патување низ езеротот преку виртуелна реалност, а потоа преку интеракција со актерите (Саша Ханџиќ и Маја Зечо) ги соочува со фактите за еколошките закани со кои се соочува овој регион. На крајот, секој од гледачите испраќа своја порака до Охрид, езерото и неговите жители која учесниците во перформансот ја враќаат назад во градот.

„Во миг“ е продукција на колективот „Ехо Анимато“ од Белград со актерите Жељко Максимовиќ и Јелена Илиќ. Оваа мултимедијална претстава се занимава со прашањето: Што се случува во моментот по катастрофата? Преку суптилна и вознемирувачка поетика таа ги истражува темите на загуба, отпорност и кревката рамнотежа меѓу пропаста и новиот почеток.

Проектот е кофинансиран од програмата „Креативна Европа“ на Европската унија, како и од Министерството за култура на Република Северна Македонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!