Прегазена жена во Пробиштип, со тешки повреди била пренесена во болница

Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Вчера во Пробиштип била прегазена 61-годишна жена, при што се здобила со тешки повреди.

„На 02.01.2024 во 06.25 часот во Полициската станица Пробиштип било пријавено дека на ул.„Миро Барага“ во Пробиштип, патничко возило „даеву тико“ со штипски регистарски ознаки, управувано од лице(46) од с.Стрмош, пробиштипско, удрило во Л.К.(61) од Пробиштип. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Л.К. констатирани во Клиничката болница Штип“, информираат од МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Пробиштип.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот