Прегазена 73-годишна жена во Кавадарци

Полиција СТОП сообраќај сообраќајка
Полиција лента / Фото: Драган Митрески

Вчера, во Кавадарци, на улицата Тиквешко востание, патничко возило „лада“, со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од В. Н. (43) од Кавадарци, удрило во 73-годишна жена со иницијали С.Б..

Во несреќата, како што информираа од МВР, жената добила тешки телесни повреди констатирани во болницата во Кавадарци.

За настанот бил известен јавен обвинител, а увид на местото извршила екипа од ОВР Кавадарци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот