Прегазен малолетник на велосипед во Шутка, со тешки повреди пренесен во болница

Фото: МИА / илустрација

Малолетник на велосипед е прегазен од автомобил вчера во Шуто Оризари. Во несреќата велосипедистот се здобил со тешки повреди и е итно пренесен во Комлексот клиники „Мајка Тереза“.

„На 20.09.2023 во 16.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Индира Ганди“ и ул.„Бутелски венец“ во Скопје, патничко возило „нисан“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.Б.(57) од с.Дејковец, удрило во велосипед, управуван од малолетник од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ “, информираат од МВР.

На местото на несреќата извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот