
Предвидувањата на Нострадамус за 2024 година: Нè очекуваат војни и глад
Нострадамус, француски астролог од 16 век, е познат како „пророк на пропаста“, а неговите предвидувања, не многу светли, се однесуваат и на 2024 година.
Препорачано
Според неговиот текст „Пророштва“ (Les Propheties) од 1555 година, 2024 година носи континуиран глобален конфликт, вклучувајќи војни, кралски превирања и хуманитарна катастрофа, пишува „Њујорк пост“ (Nypost).
Неговата визија за иднината е изложена во 942 катрени, и додека неговите записи се малку нејасни, тој е заслужен за предвидувањето на подемот на Адолф Хитлер, атентатот на Џон Ф. Кенеди, нападите од 11 септември и пандемијата на коронавирус.
Кои се неговите предвидувања за 2024 година?
Принцот Хари станува крал
Еден од пасусите во неговиот долг текст вели дека „кралот на островот“ ќе биде „избркан со сила“. Некои мислат дека Нострадамус алудирал на кралот Чарлс III. Друг пасус, наводно, вели за Чарлс „набргу по (катастрофалната војна) ќе биде помазан нов крал / кој ќе ја смирува земјата долго време“, пишувца „ИФЛ Саенс“ (IFLScience).
Британскиот писател и коментатор на Нострадамус, Марио Ридинг, кој претходно рече дека Нострадамус можеби ја предвидел смртта на кралицата Елизабета Втора, анализирал дека кралот Чарлс III ќе абдицира поради „упорните напади и врз себе и врз неговата втора сопруга“, а Хари ќе го замени наместо Вилијам. затоа што тој – „резервниот“ наследник – нема „никаков знак на крал“, објави „Дејли Мејл“ (Daily Mail).
Кина во турбулентни времиња
Нострадамус предвиде „борба и поморска битка“ и рече дека „црвениот противник ќе стане блед од страв, заплашувајќи го големиот океан.“ Некои мислат дека „црвениот противник“ може да се однесува на Кина и нејзиното црвено знаме. „Поморска битка “, велат тие, би можело да се однесува на тензиите на Кина со островот Тајван. Пекинг, главниот град на Кина, ја има најголемата морнарица во светот.
Климатска катастрофа
Климатската криза стана поочигледна во последните години со зголемување на шумските пожари и рекордно високите температури. Нострадамус предвидува дека ќе се влоши.
„Сувата земја ќе стане уште посува, а кога ќе го видите тоа ќе има и големи поплави“, напиша тој.
Тој предвиде и екстремни временски услови и глад во светот.
„Многу голем глад поради штетниот бран“, рече тој.
Нов папа
Папата Франциско наскоро би можел да добие замена, според предвидувањата на астрологот.
„Преку смртта на еден многу стар понтиф, ќе биде избран римјанин во добра возраст“, напиша тој.
Папата Франциско, кој е неколку дена пред својот 87-ми роденден, има здравствени проблеми.