На денешен ден – 31 август

на денешен ден
Фото: Инстаграм

1941. Умрела Марина Цветаева, руска писателка, една од најголемите поетеси во историјата на поезијата. Како лирски поет, нејзината страст и смело јазично експериментирање ја прават впечатлив хроничар на своето време и на длабочините на човечката свест. Нејзини најпознати дела се збирките песни „Вечерен албум“, „Волшебниот фенер“, „Разделба“, „Занает“, како и драмите: „Жандарм херц“, „Виулица“, „Камениот ангел“, „Феникс“ и други. Родена била во Москва, на 26 септември 1892 година.

1997. Загинала британската принцеза од Велс – Дијана Спенсер, поранешната сопруга на британскиот принц Чарлс. Во истата автомобилска несреќа во Париз загинал и нејзиниот пријател Доди ал Фајед. Интересот за омилената принцеза опстојува до ден денес. Уште од нејзината свршувачка со принцот Чарлс сè до нејзината смрт, Дијана била присутна како икона на светската сцена често опишувана и како најфотографирана жена на светот. Таа била позната по нејзината сочувствителснот, стил, харизма и добротворната работа со која привлекла многу внимание како и нејзиниот проблематичен брак со принцот Чарлс. Дијана исто така добила признание за нејзината добротворна работа, како и за нејзината поддршка на Меѓународната кампања за забрана на нагазни мини. Од 1989 година таа била претседател на болницата за деца Ормонд Стрит.

2013. Папата Франциско го именувал искусниот дипломат надбискупот Пјетро Паролин за свој државен секретар, премиер на Ватикан и главен помошник, функција која често се нарекува „заменик папа“. Со именувањето на Паролин завршила ерата на кардиналот Тарчизи Бертоне, кој многумина го обвинувале дека не ги спречил етичките и финансиските скандали за време на папството на Бенедикт Шеснаесетти.

Видео на денот