Пред смртта им остави проштално писмо на децата: Југославија воздивнуваше по неа, а никој не знаеше дека е тешко болна

Станислава Пешиќ е една од актерките кои го означија почетокот на југословенската кинематографија.
Драмската уметничка е родена на 7 јуни 1941 година во Грочка. По завршувањето на студиите, веднаш била ангажирана во Народниот тетатар. На филм дебитирала во далечната 1961 година и за улогата на Саша во „Песма“ на Радош Новаковиќ била наградена на фестивалот во Пула.
View this post on Instagram
Улогата на Олга во ТВ-серијата „Позорише у куќи“ и донесе голема медиумска популарност. Покрај глумењето во филмови и во театар, Станислава работеше и како водителка на детски програми на Телевизија Белград.
View this post on Instagram
– Жените во Загреб се облекуваа како мене, во Љубљана се чешлаа како мене, во Скопје се смееја како мене. Публиката не сакаше сите подеднакво: камионџиите ги лепеа моите фотографии, а војниците на Љиљане Лашиќ – изјави тогаш Сташа Пешиќ.
Станислава во 1992 година се разболела од рак, а последната улога во драмата „Долго патување во ноќта“ храбро ја одиграла кога веќе била тешко болна.
Станислава починала во 1997 година на 56-годишна возраст, откако ја загуби битката со опасна болест.
View this post on Instagram
Станислава зад себе остави два сина – Перо и Иван.
Последните години од нејзиниот живот, во текот на борбата со лошата болест, биле запишани во нејзиниот дневник, преточен во книгата „Деветнаесет друштвени игри“, која била објавена неколку месеци пред нејзината смрт. Во него ја опишала потресната борба со болеста, стравовите, надежите, но ги објавила и писмата кои ги испраќала до своите деца во најтешките моменти.
View this post on Instagram
.