Пратеничко и директорско место ветил Ахмети за коалиција со партијата на Курто Дудуш

Како што наближуваат изборите, така политичките партии се пазарат – коалиција за пратенички или директорски места, вработувања за гласови.

Партијата на градоначалникот на Шуто Оризари, Курто Дудуш постигнала договор со ДУИ за заеднички настап на парламентарните избори, но за возврат Дудуш ќе добие директорско место, а неговата сопруга ќе биде пратеник, објави ТВ21.

Неговата сопруга Фатима Османовска како што објавуваат медиумите,  ќе биде број 5 во втората изборна единица. Дудуш добил и ветување за функцијата директор на ГТЦ-Скопје или директор на Центарот за социјална работа – Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот