Пратеничката Калеска Ванчева ги згреши името и функцијата на спикерот на украинскиот парламент

Фото: Фејсбук / Колаж: Слободен печат

Пратеничката од политичката партија СДСМ, Снежана Калеска Ванчева на нејзиниот Фејсбук-профил објави фотографија со спикерот на украинскиот парламент Руслан Стефанчук, но го помеша со Олександар Турчинов и напиша дека тој е привремен претседател на Украина.

Стефанчук коментираше на објавата и посочи дека тој се вика Руслан Стефанчук, како и дека неговата функција е спикер во украинскиот парламент, а претседател на Украина е Володомир Зеленски.

-Драга Снежана, мило ми е што ве запознав, но моето име е Руслан Стефанчук, јас сум спикер во украинскиот парламент. Претседател на Украина е Володомир Зеленски, напиша тој.

По коментарот на Стефанчук, пратеничката Калеска Ванчева ја коригираше објавата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот