Познати сите четвртфинални двојки во кошаркарската Евролига

фото: EPA-EFE/ADRIAN RUIZ HIERRO

Кошаркарите на Басконија вечерва го совладаа составот на Виртус со конечен резултат 89:77 во плеј-ин од Евролигата.

Така, екипата на Басконија во шпанската пресметка ќе игра во четвртфиналето од плеј-офот против Реал Мадрид.

Тимот чиј тренер е Душко Ивановиќ го предводеше Маркус Хауард со 28 поени, Метју Кастело постигна 19, а Тадас Седекерскис 16 поени.

Кај гостите доминираше Шенгелија кој реализираше 15 поени, а Даниел Хакет запиша 13.

Познати се сите четвртфинални двојки во Евролигата: Реал Мадрид – Басконија, Панатинаикос – Макаби, Монако – Фенербахче и Барселона – Олимпијакос.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот