фото: F.C. Struga

Познати полуфиналните парови во фудбалскиот Куп на Македонија

Со жрепка се дознаа двојките од полуфиналната фаза во фудбалскиот Куп на Македонија за натпреварувачката сезона 2022/2023.

Моментно водечкиот во Првата фудбалска лига, Струга Трим Љум ќе ги одмери силите против екипата на Силекс.

А во вториот полуфинален дуел, тетовска Шкендија за противник ќе го има составот на Македонија ЃП.

Ќе се игра еден натпревар, односно полуфиналните мечеви ќе се играат на 5 април 2023 година.

Потсетување дека Македонија ЃП го брани куп пехарот освоен минатата сезона.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот