Позната причината за смртта на Саша Видиќ, обдукција нема да се прави

Саша Видиќ / Фото: Инстаграм/Саша Видиќ

Модниот дизајнер Саша Видиќ починал во понеделникот од сепса, неофицијално дознава српски „Курир“. Педесет и двегодишниот дизајнер бил доведен во КБЦ „Бежанијска коса“ во бессознание, лекарите направиле сѐ за да го спасат, но не успеале.

„Обдукција не е направена, јасно е дека се работи за сепса“, рекол извор за „Курир“.

„Брзата помош го донела Видиќ во болница во бессознание и во многу тешка состојба. Веднаш по приемот морале да го интубираат, да го приклучат на респиратор за да се обидат да го спасат, бидејќи бил донесен практично клинички мртов. Следувала голема борба за животот на познатиот дизајнер, но и покрај сите напори и сите преземени мерки, не можеле да го спасат“, вели изворот на Курир.

Саша Видиќ е роден во Хрватска во 1971 година, но од 1991 година живее и работи во Белград. Иако на српската јавна сцена е повеќе од две децении, за неговиот приватен живот се знае мошне малку.

Се запишал на моден дизајн на Факултетот за уметност и дизајн во Белград. Меѓутоа, поради тоа што немал постојан приход, морал да го напушти факултетот и да се вработи. Неговата прва креација била фустанот на Бранка Катиќ, кој го носела на доделувањето на наградите по премиерата на филмот „Ние не сме ангели“.

Српскиот дизајнер Саша Видиќ почина на 52-годишна возраст

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот