Познат тиктокер загина на 36 години: Желбата на неговата мајка за погребот шокираше многумина

Фото: Принтскрин/ Тик-ток

Ѕвездата на Тик-ток, Карл Ајзверт загина во сообраќајна несреќа, откако друго возило удрило во автомобилот на неговиот близок пријател додека поминувале низ раскрсница во Пенсилванија, САД.

Ајзверт седел на совозачкото седиште кога се случила несреќата, потврдила неговата мајка.

Нивниот автомобил поминувал на средината на раскрсницата кога во нив удрило друго возило. Од последиците од здобиените повреди, тиктокерот починал на лице место.

@team_carl_forever♬ ON MY MOMMA – user


Неговото семејство планира две комеморации, а неговата мајка сака да го пренесува во живо погребот на својот син за неговите 500.000 обожаватели.

Тиктокерот, познат по својата заразна енергија и ентузијазам, на социјалната мрежа го следеа речиси половина милион луѓе.

Тој отворено зборуваше за тоа како се здебелил поради борбата со депресијата и злоставувањето низ кое поминал поради изгледот, а траумата од губењето на татко си се обидувал да ја излекува со храна.

Мајката изјавила и дека се обидуваат да ги најдат неговите необјавени видеа за да им ги покажат на многубројните следбеници.

Во неговото последно видео, објавено еден ден пред трагично да почине, Карл ги покани своите следбеници да му се придружат во пренос во живо за да учествуваат на заедничка танцова забава.

 

@team_carl_forever♬ original sound – Carl

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот