
Пожарот во „Дрисла“ е сепак опасен, загрозени се и борова шума и објекти во близина
Десет противпожарни камиони го гасат пожарот во депонијата „Дрисла“ кој избувна попладнево. Како што информираше Звонко Томевски, командант на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје, била побарана помош и од ЈП „Комунална хигиена“ од каде се испратени две цистерни за дотур на вода, кои се на локацијата и ги дополнуваат противпожарните возила.
Препорачано
-Така што, се надевам дека за брзо време пожарот ќе биде целосно изгаснат, изјави Томевски.
Бил побаран и авион на Дирекцијата за заштита и спасување за помош при гасењето, но, за жал, рече тој, немало услови да интервенира.
-Станува збор за посериозен пожар од поголеми размери, имаше опасност да се зафати околната борова шума која е во близина на депонијата и да се предизвика дополнително шумски пожар којшто можеше да загрози понатаму и објекти кои се во близина, додаде командантот на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
44мин
-
58мин
-
1час
-
1час
-
1час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5