Повторно продолжен притворот на новинарот Гершкович во Русија

Фото ЕПА

Судот во Москва денеска му го продолжи притворот за два месеци на Еван Гершкович, американски новинар на Волстрит журнал, кој беше уапсен на крајот на март 2023 година во Русија за „шпионажа“.

-Притворот на Еван Гершкович е продолжен за два месеци, до 30 март 2024 година, соопшти прес-службата на судот.

Рочиштето се одржа зад затворени врати.

Американскиот новинар Гершкович (32) ги отфрла обвинувањата против него.

На Гершкович му се заканува казна затвор од 20 години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот