Повторно експлозија во Пакистан, најмалку 40 загинати

Фото: МИА

Најмалку 40 лица загинаа, а десетици се повредени денеска во експлозија за време на подготовките за јавен политички митинг во северозападен Пакистан, објавија полицијата и локалните медиуми. Здравствените власти стравуваат дека бројот на жртвите може да се зголеми, бидејќи неколку лица меѓу повредените се во критична состојба.

Експлозијата се случила околу 17:00 часот по локално време, еден час пред почетокот на настанот во племенскиот кварт Бајаур, кој се наоѓа во близина на границата со Авганистан“, соопшти полицијата.

Медиумите информираат дека причина за експлозијата најверојатно е бомба. Собирот го организираше Џамијат Улема Ислам (ЈУИ), коалициски партнер во Федералната влада. Ова е четврта експлозија на помалку од три недели во северозападната пакистанска провинција Хајбер Пахтунхва.

Ниту една група не ја презеде одговорноста за нападот, но локалната фракција на таканаречената група „Исламска држава“ неодамна изврши напади против оваа партија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот