Фото: илустрација / МИА

Повредени се прилепчанец и неговата ќерка, возејќи се на скутер удриле во куче

51-годишен жител на Прилеп и неговата 15-годишна ќерка се повредени откако, возејќи се на мопед, удриле од куче и паднале на улица во градот, соопшти полицијата.

„На 23.09.2025 околу 18:10 часот во Полициската станица Прилеп е пријавено дека на ул.„Мице Козар“ во Прилеп, мопед со прилепски регистарски ознаки, управуван од Џ.А.(51) од Прилеп удрил во куче и паднал на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, а со телесни повреди се здобила неговата 15-годишна сопатничка, констатирани во Градската болница Прилеп. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Прилеп“, пишува во полицискиот билтен, каде нема информации за здравствената состојба на кучето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот