Повеќе скопски населби денеска без струја

Без струја
Струја / Фото: МИА

Без струја денеска од 8:30 до 14:00 часот ќе бидат дел од корисниците лоцирани на улица „Ацо Караманов” (на почеток кај што завршува улица „Водњанска”), дел од улица „Водњанска” спроти Судска медицина, улица „Љубо Здравковски Орлов” во општина Центар.

Во периодот од 8:30 до 11:30 часот без електрична енергија ќе бидат дел од корисниците од улиците „Зеничка”, „Душан Ташковиќ” и „Коце Металец” во општина Гази Баба.

Без струја од 9:00 до 14:00 часот ќе бидат дел од корисниците од улиците „Ѓорче Петров” зграда бр.33 и 35, дел од улиците „Смољане”, „Јосиф Ковачев”, „Сагудати”, „Црвена армија”, амбуланта „Диамед”, Старо кино, киосци на дел од улица „Ѓорче Петров”, фирма „Трикотажа’, сите во општина Ѓорче Петров.

Од 11:00 до 14:00 часот без снабдување со електрична енергија денеска ќе бидат и дел од жителите на општина Шуто Оризари, лоцирани на улица „Индира Ганди”, околу пазарот.

Во периодот од 9:00 до 14:00 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од булевар „Партизански одреди” зграда бр.64б влез 1 и 2 (Б4) во општина Карпош.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, прекините се поради планирани технички зафати во електродистрибутивната мрежа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот