Повеќе скопски населби денеска без струја

Без струја
Струја / Фото: МИА

Без електрична енергија денеска од 9 до 12 часот ќе останат дел од корисниците од улицата „Бертранд Расел” во општина Ѓорче Петров.

Во периодот од 9 до 14 часот без струја ќе бидат дел од корисниците на улицата „Ернест Телман” во општина Аеродром, а од 10:00 до 13:30 часот дел од корисниците лоцирани на улица „Козара” бр.17, 19, 21 во општина Центар.

Без струја денеска од 9:30 до 14:30 часот ќе бидат дел од корисниците од улицата „Славка Динкова” во населбата Драчево.

Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје, прекините се поради планирани технички зафати во електромрежата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот