Фото: илустрација / „Слободен печат“ - Драган Митрески

Повеќе нови станови купени во Бања Лука отколку во цела БиХ

Просечната цена на продадени нови станови по квадратен метар во Босна и Херцеговина во вториот квартал од 2025 година изнесувала 1.609 евра.

Вкупно, за три месеци – од април до јуни – се продадени 864 нови станови со вкупна корисна површина од 45.414 квадратни метри.

Според податоците од Агенцијата за статистика на Босна и Херцеговина, оваа цена е за 7,3 проценти повисока отколку во вториот квартал од минатата година.

Интересни податоци покажува продажбата на станови по субјекти, кои не се наведени во соопштението на Агенцијата, пишува Независне новине.

А тоа е дека во Република Српска во вториот квартал од оваа година се продадени 640 нови станови, а во Федерацијата БиХ само 222.

Интересно е што само во Бања Лука се продадени 277 нови станови за три месеци, повеќе отколку на ниво на целата Федерација.

Просечната цена на новите станови во Република Српска е 1.619 евра по квадратен метар, а ако се погледне само Бања Лука, таа е 1865 евра.

Од друга страна, просечната цена по квадратен метар на нов стан во ФБиХ е 1587 евра.

Во Сараево, во исто време беа продадени 68 нови станови, а просечната цена по квадратен метар во градот беше околу 1.814 евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот